Search

Од ковид-19 почина 35-годишен битолчанец, кој претходно избегал од болницата, а со полиција бил вратен во тешка состојба

Синоќа, во Клиничка болница Битола почина 35-годишен битолчанец кој претходно побегнал од болницата и со свое возило си заминал дома, каде за да се одмори се напил средства за смирување, објави СДК.мк.

Потоа не се будел, па семејството повикало Брза помош и бил вратен на болница каде се презеле сите мерки за да му се помогне, но пациентот починал.

Пациентот на 13 ноември се јавил во тријажна амбуланта, со симптоми на покачена телесна температура, кашлица. Му била дадена терапија и дадена препорака за изолација и закажување тест преку матичен лекар. На 16 ноември повторно се јавил на преглед, дадена му е ампуларна тераппија, но поради прогресија на наодот, тешко дишење, температура, појава на бронхопневмонија бил хоспитализиран во ковид суспектни пациенти. На 17 ноември е земен брис и е добиен позитивен резултат на ковид-19.

Од СВР Битола соопштија дека асистирале при враќањето на пациентот назад.

Треба да знаете
Последни објави