Search

Од Ковид 19 во САД во следниот месец може да умрат уште 20.000 лица, смета Том Елиот поранешен директор на ЦДЦ

Поранешниот директор на американските Центри за контрола и превенција на болестите „ЦДЦ”, Том Ерден, денеска изјави дека мисли дека во следниот месец од Ковид-19 во земјата може да умрат уште 20.000 лица.

Неговата проценка се темели на моменталниот број на заболени во САД, пренесува Си-Ен-Ен.

Џенифер Низо, епидемиолог од Универзитетот „Џонс Хопкинс” изјави дека „луѓето мислат дека се извлековме”, но всушност, како што кажуваат „стиснаа на пауза, а сега повторно пуштаме музика и не знаеме која е следната песна”.

Треба да знаете
Последни објави