Search

Од каде знае ВМРО-ДПМНЕ кој кандидат колку поени има, кога полагањата во Академијата за судии и јавни обвинители се водат под шифра?

Соопштение за јавност СДСМ, реакција на прес конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во паника од правдата и реформите и зајанувањето на правната држава, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со ширење лажни вести и манипулации, овој пат поврзани со Академијата за судии и ајвни обвинители. Наместо да контруира непостоечки случаи и заговори, Димче Арсовски и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат од каде им се информациите кој кандидат колку поени има освоено, кога полагањата се заведени под шифра?

Дали во ВМРО-ДПМНЕ имаат информации кој кандидат под која шифра полага? Истовремено, полагањата се одржуваат неколку денови по ред а не само еден ден. Арсовски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат од каде им се информациите кој кандидат кога полага, бидејќи и списоците за полагање се со шифра?

Не минува ден а од белиот дворец да не се пласираат лаги, манипулации и непостоечки случаи. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се насочени единствено во одбрана на криминалот и попречување на правдата и затоа јасна е безидејноста во белиот дворец.“

Треба да знаете
Последни објави