Search

Од Кабинетот на Ципрас бараат одговори од Мицотакис околу тврдењата дека го размениле „скопското прашање” за пензиите

Тврдењето на лидерот на Нова демократија дека грчката влада се пазарела и „го разменила скопското прашање за да нема кратења на пензиите”, денеска го коментираат од Кабинетот на грчкиот премиер и бараат од Мицотакис, доколку навистина го мисли она што го кажал, да излезе со докази и податоци, јави дописничката на МИА од Атина.

-Вчера господинот Мицотакис имаше храброст да обвини дека премиерот ја продаде Македонија за да не се скратат пензиите. Бидејќи не сме сигурни дали разбра што кажа, го повикуваме да го повлече кажаното и да се извини или да им даде податоци и имиња на грчкиот народ и на меѓународната заедница. Кои се европските лидери што учествуваа во размената со премиерот за едно толку критично национално прашање?, коментираат од Кабинетот на Ципрас и додаваат дека очекуваат Мицотакис, веднаш да одговори.

Треба да знаете
Последни објави