Search

Од дијабетес до проблеми со ерекција: руска компанија произведувала лажен лек

Руска компанија рекламирала и продавала лажни лекови, за кои користела научни трудови и написи од сомнителни извори со цел да го поткрепи кредибилитетот дека супстанците може да се користат за  третирање или лекување на голем број болести, вели Стивен Салцберг, професор по биомедицинско инженерство, компјутерски науки и биостатистика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Професорот вели дека компанијата „Материа медика холдинг“ рекламирала лек кој може да излечи грип, менингитис, херпес, ХИВ, дијабетес, проблеми со ерекција, несоница, прекумерна дебелина, хронични воспаленија, како и некои ментални болести, алкохолизам и алергии.

Трудовите со кои се крепат овие лекови се издадени од руски автори, но како коавтор на речиси сите трудови се јавува една личност, Олег Епстин, кој е всушност сопственик на компанијата, вели професорот Салцберг.

Епстин и неговите руски соработници биле доволно умни за да го прикријат фактот дека овие лекови воопшто и не се лекови. Нивните научни трудови се преполни со научен жаргон, а тоа им било во полза кога ги поднеле документите за рецензија, а како што знаеме, рецензентите понекогаш знаат да бидат мрзеливи“, објаснува професорот.

Благодарение на друг извештај (провокативно насловен „Фармацевтско откритие: Молекулите и не се потребни“) објавен од BMJ Evidence-Based Medicine, сега сме свесни дека овие лекови воопшто не се лекови бидејќи тие не содржат никакви активни супстанци.

Лажниот хомеопатски „лек“ во моментов се продава само во Русија, но производителот се обидува се пробие и на европскиот и американскиот пазар.

Треба да знаете
Последни објави