Search

Од денеска работодавачите може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за мајската плата

Од денеска до 7 јуни работодавачите може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020 година, а до 5 јуни за субвенционирање 50 отсто придонеси од задолжително социјално осигурување.

Како што соопшти УЈП, од денеска до 5 јуни може да се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка од самостојните вршители на дејност.

Во мај УЈП провери и обработи вкупно 23.861 барања за финансиска поддршка за  исплата на плата на повеќе од 120.000 вработени. Мал број барања се уште се во постапка на проверување и обработување.

-Само мерката финансиска поддршка за исплата на плати за април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени лица од кои: 42  компании кои имаат над 250 вработени (за 26.680 вработени), 300 компании со вработни од 51 до 250 (за 27.635 вработени), како и 19.008 компании со вработени од 1 до 50 (за 73.111 вработени). Комбинација на мерката финансиска поддршка за исплата на плата и мерката субвенционирање 50 отсто од придонесите од задолжително осигурување ја искористиле 1.427 компании со 10.668 вработени од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризам и тоа: три компании со над 250 вработени (за 478 вработени), 24 компании со вработени од 51 до 250 (1.984 вработени) и 1.400 компании со број на вработени од 1 до 50 (8.206 вработени), наведува УЈП.

Мерката субвенционирање 50 отсто од придонесите од задолжително социјално осигурување ја искористиле 1.680 компании, опфатени се 12.011 вработени и тоа: три компании се со над 250 вработени (846 вработени), 24 компании со вработени 50 до 250 (2.082 вработени) и 1.653 компании со вработени еден до 51 (за 9.083 вработени).

Мерката финансиска поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност е искористена од страна на 5.187 самовработени лица со поднесени комплетни барања По оваа мерка на физичите лица кои вршат самостојна дејност им е одобрен и исплатен вкупен износ од 75.211.500 денари.

Користењето на финансиската поддршка од страна на работодавачите по региони што ги администрира УЈП е: Скопје 5.787, Штипско 3.310, Тетовско 3.591, Струмичко 1.372, Битолско 3.252, Прилепско 2.038.

Управата за јавни приходи  за економските мерки кои ги спроведува отвори посебна електронска пошта  finansiska.poddrska@ujp.gov.mk каде граѓаните, работодавачите, сметководителите и други заинтересирани страни добиваа одговори околу начинот на поднесување на самите барањата, статусот на барањето, исправање на грешки внесени во барањата,…. На овој маил се поставени над 2.500 прашања кои од страна на даночните службеници се одговараат.

УЈП информира и дека мерката-ослободување од износот за плаќање аконтации за данок на личен доход искористиле 680 даночни обврзници, а мерката ослободување од плаќање аконтации на данок на добивка 818  даночни обврзници и тоа: 165 од дејност транспорт, 126 од дејност угостителство, 86  од дејност туризам, 441 од останати дејности.

Треба да знаете
Последни објави