Search

Од вторник Германија ги признава македонските возачки дозволи

Министерите за внатрешни работи на Македонија и Германија, Оливер Спасовски и Хорст Зехофер, во вторник ќе го потпишат договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи.

Преговорите меѓу надлежните министерства во Берлин и Скопје околу меѓусебното признавање на возачките дозволи траат уште од 2007 година, а дури сега се отстранети пречките и е финализиран билатералниот договор.

Договорот што ќе биде потпишан во вторник ќе стапи на сила веднаш.

Договори за реципрочно признавање на возачките дозволи Македонија има склучено само со Италија, Шпанија,  Албанија и Босна и Херцеговина.

Треба да знаете
Последни објави