Search

Основци од Битола сечеле вени поради опасните игри „Момо“ и „Синиот кит“

Четворица ученици од ОУ „Коле Канински“ од Битола се самоповредиле со сечење вени како последица од опасните интернет игри „Момо“ и „Синиот Кит“, дознава Телевизија 24.

Директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Зоран Мирчевски го потврдил случајот. Според него, се случило надвор од училиштето, а информирани и МВР и родителите. При вонредна проверка со полицијата откриен е и еден нож кај основец во тоа училиште.

Од МВР се уште ги проверуваат информациите.

Инаку од контроверзните онлајн игри „Синиот кит” неколку стотици деца во светот извршија самоубиство. Поновата  игра – „Момо“, се распространува преку апликацијата „Ватсап“. Наменета е за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство.

Приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи. Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат серија предизвици, а доколку ги одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии.

Треба да знаете
Последни објави