Search

Од автоплац украдени три автомобили

Три автомобили биле украдени од автоплац во Скопје информираше МВР.

-Во периодот од 17 часот на 14.01.2019 до 8часот на 15.01.2019 година непознат сторител извршил тешка кражба во автоплац за продажба на половни возила на булевар „Србија“. Сторителот со употреба на сила влегол внатре и одзел три патнички возила марка „БМВ “, „Ауди “ и „Мерцедес “. Сторителот ги стартувал возилата со клучевите кои биле оставени во возилата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави