Search

Одобрена кауција за директорката на „Хуавеј“, но со многу мерки кои ќе оневозможат бегство

Kанадскиот суд одобри кауција за финансиската директорка на кинеската технолошка компанија „Хуавеј“, Менг Вангжу, која на барање на САД беше уапсена на аеродром во Канада, во случај што доведе до дипломатски тензии меѓу трите земји.

По тридневно заседавање, судот во Ванкувер во вторникот одобри кауција за Менг во висина од 10 милиони канадски, односно 7,5 милиони американски долари. Сепак, таа ќе треба да се придржува до одредени мерки кои ќе го оневозможат нејзиното бегство. Така, Менг ќе мора да носи алка која ќе го детектира нејзиното движење, да ги предаде своите пасоши, да остане во Ванкувер односно да биде во едно од своите две престојувалишта во тој град, секоја вечер од 23 до 06 часот наутро, пренесе агенцијата АП.

Треба да знаете
Последни објави