Search

Одобрена директивата на ЕУ за подобар квалитет на водата од чешма

Европратениците од комисијата за животна средина на Европскиот Парламент во огромно мнозинство го одобрија текстот на директивата на ЕУ за квалитетот на водата од чешма.

Со 73 гласови за, два против и пет воздржани одобрен е договорот постигнат со земјите членки на ЕУ за директивата со која треба да се подобри квалитетот на водата од чешма преку намалување на штетни супстанци како оловото и одреден број штетни бактерии.

Директивата, исто така, има за цел да ја намали потрошувачката на пластични шишиња преку охрабрување да се пие вода од чешма во ЕУ.

Пратениците ќе треба сега да ја одобрат директивата во пленарен состав кон средината на овој месец, по што таа ќе треба да биде преточена во закон во сите земји членки на Унијата.

Треба да знаете
Последни објави