Search

Одлуката за С. Македонија и Албанија ќе се одложи за на пролет?

Одлуката за С. Македонија и Албанија ќе се одложи за на пролет?

Одлуката за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија најверојатно ќе се одложи за на пролет, најавува извор од Европскиот совет пишува 360 степени.

Во меѓувреме, ќе треба да се усвои нова методологија за преговорите, на што инсистира Франција.

Формален заклучок се уште не е усвоен, но последните информации од состанокот велат дека нештата се движат во насока земјите-членки да ја носат одлука во април по годишните извештаи за земјите-кандидатки што ги подготвува Европската комисија. И покрај обидите на германската канцеларка Ангела Меркел да протурка одлука за почеток на преговори и паралелно воведување нова методологија, францускиот претседател Емануел Макрон не се поместил од претходно декларираниот став.

Според информациите од состанокот, Германија, Италија и Франција се спротивставиле на раздвојување на С. Македониј и Албанија додека Шпанија, Холандија и Данска рекле дека се подготвени да се даде зелено светло само за Скопје, а не и за Тирана.

Во моментов се разговара за турската воена интервенција во Сирија, а лидерите ќе му се навратат на прашањето за проширувањето на ЕУ подоцна во ноќта или утре изутрина за да усвојат формален заклучок.

Треба да знаете
Последни објави