Search

Одложено зголемувањето на цените на патарините во северна Грција

Најавеното зголемување на цените на патарините на автопатот во северна Грција, кое требаше да стапи на сила на 1 јануари, е одложено бидејќи не доби одобрување од Европската комисија, изјави директорот на „Игнација“, Апостолос Антонудис.

Автопатот „Егнација” води од Игуменица, на Јонското Море, преку Солун до турската граница.

Според МИА, Европската комисија сé уште не ја одобри одлуката потпишана минатата година од министрите за финансии и транспорт во Грција за да ги зголеми цените на патарините на автопатите во северна Грција, па затоа тие остануваат исти и од 1 јануари 2019 година.

Оваа одлука на грчката влада беше да ги зголеми цените на патарините од 66 на 150 проценти.

Треба да знаете
Последни објави