Search

Одложени повеќе концерти поради деновите на жалост

Одложени се повеќе настани, поради тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубија најмалку 14 лица.

Од Македонската филхармонија информираа дека концертот „Моја љубов“, којшто требаше да се одржи денеска, се одложува за понеделник во 20 часот.

Одложена е и изведбата на мјузиклот „Мама миа“ во МНТ. Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите кои публиката ги купи за изведбата на 14-ти февруари, ќе важат за изведбата на 11-ти март.

Поради сообраќајната несреќа, одложен е и концертот на Жељко Самарџиќ кој требаше да се оддржи на 16. февруари во Вип Арената „Борис Трајковски“. Концертот се преместува на 23 февруари, следната сабота.

Поради несреќата, прогласена е дводневна жалост.

Треба да знаете
Последни објави