Search

Одличната партија на Кристопанс му донесе место во „тимот на колото” во ЛШ

Ракометарите на Вардар се враќаат со реми и бод од гостувањето кај Мешков Брест во Лигата на шампионите. Најдобриот наш ракометен колектив се наоѓаше пред пораз на дуелот во Белорусија, но покажа карактер и на крајот се избори за резултат 31-31.

Даинин Кристопанс со 8 голови беше најдобро име кај вардарци, а со неговите игри успеа да се најде и во најдобриот тим на колото според ЕХФ.

Покрај него во тимот на колото се најдоа Стефан Сигурмансон – лево крило (Пик Сегед), Жилберто Брито Дуарте – Лев бек (Барселона), Аидерас Маласинскас – среден бек (Мотор), Даинис Кристопанс- десен бек (Вардар), Валтер Кринц – десно крило (Кристијанштад), Хенрик Тофт Ларсен – пивот: (ПСЖ), Роланд Миклер- голман (Веспрем).

Треба да знаете
Последни објави