Search

Одличен гест на навивачите на Јувентус: Со кратка порака го испратија Даниеле Де Роси

Јувентус вчера и официјално го подигна трофејот наменет за шампионот во Серија А, а на „Алијанц стадионот“ владееше одлична, славеничка атмосфера.

Освен славењето, вчера од домашната публика се простија и Андреа Барзаљи како и тренерот Масимилијано Алегри кој нема да го води тимот следната сезона.

Емотивните сцени беа заокружени и со порака до фудбалерот кој долги години беше ривал на Јувентус, Даниеле Де Роси за кого се знае дека ќе си замине од Рома и од Серија А.

Најжестоките навивачи на Јувентус, со кратка и јасна порака го поздравија сето тоа што Де Роси го направил за фудбалот во Италија изминативе години.

– Чао Де Роси. Прво човек, а потоа играч, – гласеше кратката порака на навивачите на Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави