Search

Одбраната на осудените за „27 Април“ бара изземање на тројца апелациски судии оти одлучувале за амнестијата

Апелацискиот суд по два часа доцнење  ја отвори јавната седница за жалбите по пресудата за „27 април“, која првостепениот суд ја донесе во март мината година.

Митко Чавков, Александар Василевски-Нинџа, Игор Југ, Горан Ангеловски-Ќосето и другите осудени уште утрово беа спроведени од притвор до судот за заедно со своите адвокати да ги образложат жалбите. Осудени се 16 лица на вкупно 211 години затвор. Во судница утрово влезе и Игор Дурловски, кој е единствениот што доби ослободителна пресуда, па за одлуката за него жалба има поднесено обвинителството.

Уште на стартот на денешната јавна седница тројца адвокати побараа изземање на тројцата судии кои се дел од советот во второстепениот суд, Јани Нича, Тања Дуковска и Енвер Беџети. Образложението за ваквите барање беше дека тројцата судии одлучувале за гаранциите за излегување од притвор, за жалбите за притворите, како и за жалбите за одбиената амнестија на дел од обвинетите, па затоа одбраната смета дека овие судии веќе имаат оформено мислење за предметот и сега не треба да одлучуваат за жалбите за пресудата.

Судот даде пауза од 40-ина минути за да се одлучи за ваквите барања.

Треба да знаете
Последни објави