Search

Одбојкарките на Србија ја одбранија титулата европски шампион

Одбојкарките на Србија предводени од Тијана Бошковиќ ја одбранија титулата европски шампион, откако во спектакуларна атмосфера во Анкара го совлада домаќинот Турција со 3-2 во сетови.

Петтиот сет беше исклучително драматичен. Во него Турчинките влегоа доминантно, а потоа следуваа неколку пресврти, а Србинките ја искористија втората меч топка за 15-13 и голем триумф.

Србинките го одбранија златото освоено пред две години во Азербејџан, а првата европска круна ја освоија во 2011 година. Избраничките на селекторот Зоран Терзиќ, турнирот го завршија без пораз, а за оваа генерација одбојкарки ова беше четврто големо финале на последните четири големи турнири, Олимписки игри 2016, Европско првенство 2017 и Светско првенство 2018 година.

Претходно во мечот за третото место, Италија ја победи Полска со 3-0 во сетови и ја освои бронзата.

Треба да знаете
Последни објави