Search

Одбојкарите подобри и од Словенија

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) ја победи Словенија сред Љубљана во последното коло од групата Ц.

Вчерашната победа над Белорусија го врати оптимизмот кај нашите одбојкари и ги поттикна денеска да одиграат на врвно ниво и да го победиме домаќинот. Словенија на Европското првенство влезе како кандидат за медал.

Вчера „црвено-жолтите” ја победија Белорусија, па Белорусите веќе немаат шанса за пласман во следното коло. Македонскиот тим сега чека помош од Турција, која треба да ги совлада Белорусија и утре Финска, за пласман меѓу 16-те најдобри на Стариот континент.

На историскиот меч со Словенија, Никола Ѓоргиев освои 24 поени, а помош имаше од Александар Љафтов со 17 и Владо Милев со 15.

Треба да знаете
Последни објави