Search

Одби повик од Л.А.: Колисон ги избра „Јеховини сведоци” пред лејкерси

Иако и Леброн Џејмс го повика, сепак, Лос Анџелес нема да го добие посакуваното освежување на ростерот. Плејмејкерот Дарен Колисон (32), сепак, реши да не ја прекинува кошаркарската пензија во која замина минатото лето за волонтирање во организацијата „Јеховини сведоци”, па залудни беа убедувањата на лејкерси дека НБА лигата е вистинско место за него.

Интерес за него имаа и клиперси, но опцијата резервен организатор на играта ќе треба да ја побараат на друга адреса. Колисон на двата тима им порача дека не е подготвен за враќање на кошаркарските терени, иако наводно размислувал во тој правец.

Колисон во кариерата играше за Њу Орлеанс, за Индијана, за Далас, за Л.А. Клиперс, за Сакраменто и на крајот пак за пејсерси и во секоја сезона бележеше одлични статистички показатели. Во НБА лигата одигра вкупно 708 натпревари со просек од 12,5 поени и пет скока.

Треба да знаете
Последни објави