Search

Одбиено барањето за изземање на судиите од расправата по жалбите за пресудите од „27 април”

Судскиот совет на Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за изземање на судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска од јавна расправа во овој суд по жалбите за пресудите за случувањата на 27 април.

По одбивањето на барањето, јавната расправа, што ќе трае три дена, продолжи со читање на пресудите.

Расправата почна со речиси двочасовно задоцнување, по што беше дадена пауза со цел Советот да се изнесе по барање за изземање на судиите.

Во образложение на барањето адвокатот Звонко Давидовиќ изјави дека законот е многу јасен и оти во него стои дека ако судија во истиот суд решава и донел одлука што може да се побива со жалба, не може да биде и судија во предметот.

Треба да знаете
Последни објави