Search

Одбележување на Денот на човековите права

Во светот денеска се одбележува Денот на човековите права. По повод одбележувањето на денот, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини, рече дека пред 70 години, земјите-членки на ОН се собраа да ја усвојат Универзалната декларација за човекови права, нагласувајќи дека овој чин го обединил светот по најголемата трагедија во историјата на човештвото, Втората Светска војна.

„Оттогаш постигнавме значителен напредок, а Универзалната декларација се покажа како камен-темелник на меѓународното право за човековите права, врз основа на која многу држави имаат изградено силна и еластична структура за заштита на човековите права. Денес, бројот на оние што живеат со соодветни човекови права е поголем од кога било досега во историјата на човештвото. Седумдесетата годишнина од Универзалната декларација е момент да се потсетиме дека човековите права имаа сеопфатно влијание врз нашите општества “, рече Могерини во изјавата што ја даде во име на Европската унија.

Треба да знаете
Последни објави