Search

Одбележување на Денот на менструалната хигиена

Во организација на невладината организација „Новинари за човекови права” денеска ќе се одржи настан за одбележување на Денот на менструалното здравје. Оваа година мотото е „Менструацијата не запира за време на пандемија”.

Организаторите бараат да се обезбеди континуирано образование за менструалното здравје – сега, но и по пандемијата од Ковид-19.

– Важно е да се напомене дека за време на пандемија, училиштата, центрите во заедницата и другите места каде што девојчињата и жените имаа пристап до круцијални информации за менструацијата се затворени. Неопходна е итна контунирана едукација и во време на пандемија, се вели во соопштението од „Новинари за човекови права”.

Оттаму велат дека предизвиците поврзани со ментруацијата ќе продолжат по кризата Ковид-19.

– Да обезбедиме континуирано образование за сите и да создадеме свет во кој ниту една жена или децојка не смее заради незјиниот период да биде маргинализирана и отфрлена. Бараме итно да ги засилиме акциите и инвестициите. Менструацијата не е луксуз и пристапот до произовди не треба да биде дискриминирачки. Секоја жена има право на пристап до производи за одржување на менструалното здравје, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави