Search

Одбележување на Денот на Логистичката база на АРМ

Во касарната „Илинден” во Скопје денеска логистичката база на Армијата на Република Северна Македонија (ЛБ), со воена свеченост ќе го одбележи денот на единицата. Логистичката база го одбележува 20 мај, со традиции на денот кога отпочнало Разловечкото востание во 1876 година.

Како што информираат од Генералштабот на АРМ, на воената свеченост ќе присуствуваат заменик на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, заменик на министерот за одбрана, Тирон Јајага, претставници од министерството за одбрана и генералштабот, команданти на командите и единиците, генерали во Армијата, поранешни команданти на единицата и други гости.

Пред припадниците на командата ќе се обратат командантот на логистичката база, полковник Мухарем Мухареми, заменик на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и заменик на министерот за одбрана, Тирон Јајага.

Посочуваат дека согласно програмата ќе бидат доделени стимулативни мерки и награди на припадници од командата и единиците во состав на логистичката база.

Треба да знаете
Последни објави