Search

Одбележан Денот на Балканските наменски медициски сили

Во скопската казарна „Илинден” денеска беше одбележан Денот на Балканските медицински наменски сили (БМНС)  и достигнувањето на нивна целосна оперативна способност.

Воено-медицинската единица БМНС е проект на „Паметна одбрана”, а  целта е преку здружување на капацитетите на земјите членки брз одговор на широк спектар ситуации и катастрофи предизвикани од природни или човечки причини, како и оспособување на витални воено медицински капацитети за меѓународните операции.

Преку овој проект се овозможува подобрување и оспособување на националните воено-медицински капацитети, зајакнување на регионалните воено-медицински капацитети за поддршка на цивилната заедница и оспособување на националните воено-медицински служби за изградба на стандардизирани капацитети со високо ниво на интероперабилност, како во регионот, така и со колективните системи за безбедност.

Во БМНС се шест земји: Северна Македонија, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, со поддршка на САД и Норвешка.

Главниот штаб на единицата е со постојано седиште во Скопје.

Крсте Малинковски, претседател на Управниот одбор на Балканските медицински наменски сили во обраќањето пред присутните денеска меѓу другото нагласи дека БМНС  ќе продолжат да се надградуваат и да ги подобруваат нивните капацитети,  за постојано да бидат подготвени да одговорат на предизвиците.

Треба да знаете
Последни објави