Search

Одбараната бара од Апелација укинување на притворот за Боки 13

Обвинетиот Бојан Јовановски се наоѓа во притвор шест месеци и е однесен на преглед 60 пати. Тоа е тортура и ја претвора мерката притвор во казна. Ова го наведе одбраната на обвинетиот Јовановски, образложувајќи ја денеска пред Апелацискиот суд Скопје, жалбата по продолжената мерка притвор по точка 1, опасност од бегаство.

Апелацискиот суд, на почетокот го изнесе писмениот поднесок од Вишото обвинителство, со кое бара да се одбие како неоснована жалбата на Бојан Јовановски по првостепената одлука и наведува дека во целост се исполнети условите за продолжување на мерката притвор.

Бранителот на Бојан Јовановски, адвокат Сашо Дуковски, реагираше на, како што наведе, несериозноста на судиите.
– Не е функција на судиите да одредуваат степен на кривична одговорност во постапка. Тие веќе го осудија. Кривичниот совет веќе си зема за право да одлучува за степен на одговорност, изјави Дуковски.
Посочи дека имаат нееднаквост на оружјата, со оглед дека веќе две рочишта по ред се одложуваат поради болест на адвокати на Катица Јанева.
– Како да подготвам одбрана со болен. Обвинетиот Бојан Јовановски се наоѓа во притвор шест месеци и е однесен на преглед 60 пати, кажа Дуковски.
Адвокатот посочи нов медицински извештај од 14 јануари 2020 година од субспецијалист.
– Абдоменалниот хирург предлага операција веднаш и вели строг хигиено-диететски режим со оглед на честите улкусни лезии, нагласи Дуковски.
Посочи дека не може најмалку десет лекари и субспецијалисти да ги констатираат истите работи и бараат строг хигиено-диететски режим и операција, а обвинителството да бара продолжување на мерка притвор.
– Тоа е тортура и ја претвора мерката притвор во казна, изјави Дуковски.

Одлуката ќе биде доставена преку првостепениот суд.

Треба да знаете
Последни објави