Search

Огромен пресврт во случајот „Астори“: Обвинителството покрена истрага поради два сомнителни лекарски извештаи

Смртта на Давиде Астори на почетокот на месец март ја зави во црно италијанската фудбалска јавност, а цели осум месеци подоцна, денеска пристигна една шокантна информација од Обвинителството во Фиренца.

Јавното Обвинителство на градот покрена истрага против двајца доктори кои се обвинети за „убиство од небрежност“, бидејќи тие биле одговорни за лекарските извештаи кои му биле направени на поранешниот капитен на Фиорентина во 2016 и 2017 година. Станува за еден доктор од Фиренца и еден од Калјари, бидејќи и во двата наоди е забележано одредено срцево пореметување, кое сепак и двајцата не го процениле како доволно да се дадат било какви препораки.

На двата теста биле откриени вертикуларни екстрасистоли, со тоа што на оној во 2017 година се појавиле и две морфолшки неправилност, што се верува дека било доволно голем знак да се направат подетални прегледи. Сето ова укажувало на тоа дека Астори има неправилни отчкувања на срцето, а веќе добро познато е дека тој почина од брадиаритмија, односно од забавено чукање на срцето кое придонело до негов преки на работата.

Овие два извештаи прават огромен пресврт во целата истрага за смртта на незаборавниот капитен на „виолетовите“, па сега Обвинителството ќе треба да процени дали двајцата лекари кои не се именуваат во јавнсота, ќе сносат сериозни последици за несреќата на Астори.

Треба да знаете
Последни објави