Search

Ограничување на брзината на 100 километри поради загадувањето со азот во Холандија

Премиерот на Холандија, Марк Руте, изјави денеска дека ограничувањето на брзината за автомобили во земјата ќе биде 100 километри на час, што е дел од пакетот итни мерки за намалување на загадувањето со азот.

Владата на Рут е во криза поради одложувањето на илјадници градежни проекти во Холандија, наредено од судот откако земјата ги прекрши законите на ЕУ за емисиите на азот, пренесува „Ројтерс“.

Азотот најмногу се испушта од сточарски фарми, од автомобили и камиони и од градилиштата.

Треба да знаете
Последни објави