Search

Ограничено работно време на трафиките и мини маркетите во поширокиот регион на Атина

Трафиките, мини маркетите, продавниците за пијалаци и слично, во областа Атика, поширокиот дел на Атина, како и во другите делови на Грција каде што се во сила рестриктивни мерки, од утре ќе затвораат на полноќ, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката не важи за бензински пумпи и аптеки, додека пак угостителските објекти, кафулињата и слично, наместо од 7 часот наутро, ќе можат да отвораат два часа порано, односно во 5.

Новата мерка, веројатно е за да се спречи продажбата на алкохол и собирањето на младите на плоштадите и во парковите, откако на полноќ ќе затворат кафулињата.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 286 нови случаи на Ковид-19, од кои 163 се во областа Атика, а починаа три лица.

Од почетокот на епидемијата во земјата, заразени се вкупно 16.913 лица, а починаа 369 лица.

Треба да знаете
Последни објави