Search

Ограбен 68-годишен скопјанец

68-годишен скопјанец во текот на вчерашниот ден пријавил дека бил ограбен од страна на две лица.

Како што соопштија од полицијата, разбојништвото се случило на улицата Рељо Шестокрило, а двете лица извршиле разбојништво над 68-годишниот М.Ф. од Скопје и притоа му одзеле пари и мобилен телефон.

Од полицијата посочија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави