Search

Ограбен конакот во во комплескот Св. Илија во Долно Јеловце

Непознати сторители извршиле тешка кражба тешка кражба во манастирскиот комплекс „Свети Илија” во гостиварско Долно Јеловце.

Од СВР Тетово информираат дека кражбата се случила минатата недела, а била пријавена вчера.

Крадците, откако насилно ја отвориле влезната врата од угостителскиот објект „Конак” што е дел од комплексот, одзеле телевизор, угостителска опрема и други предмети. Од кутијата за доброволни прилози од верниците, поставена во непосредна близина одземени се и парични средства.

Извршен е увид и се работи на откривање на сторителите.

Треба да знаете
Последни објави