Search

Ограбена аптека, разбојник со нож и се заканувал на аптекарката

Вчера околу 20:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во аптека на улица „Лука Геров“ непознат сторител извршил разбојништво.

Сторителот со закана со нож од вработената одзел околу 35.000 денари, по што побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави