Search

Огненовска: СДСМ презема бројни мерки за младите лекари да останат во државата

Со политиките кои ги реализира СДСМ се преземаат бројни мерки за младите лекари да останат во државата и да работат во јавното здравство. Веднаш по завршувањето на образованието тие имаат отворена шанса за работа во здравствените установи. Веќе се објавени два јавни повика за шест месечна платена работа за лекари и патронажни сестри и сите 290 заинтересирани и пријавени кандидати ќе започнат со работа во следниот период.

За првпат, Владата предводена од СДСМ обезбеди средства за приватните специјализанти и одобрени се 931 специјализација за четири годишниот период. Платите во здравството постојано растат. Покачена е платата за 10% на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти.

Додека со ребалансот на буџетот, од 1 септември платите во здравството се зголемуваат за дополнителни 5%. Отсануваме на нашето ветување до крајот на мандатот, платата на лекарите специјалисти да изнесува 100 илјади денари. Тоа ќе значи поголема мотивираност и ангажираност и поголема грижа за пациентите.

Во изминативе 2 години, преку  конкретни и вистински реформи покажавме што значи да се води вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, како и за целосно подобрување на јавните здравствени установи. Како партија на која  главен приоритет и се младите, продолжуваме со реализација на квалитетни младински мерки што обезбедуваат услови младите да живеат и работат овде во својата татковина, порача Блажена Огненовска од СДММ.

Треба да знаете
Последни објави