Search

Оглас за куќа на „Зилоу” собра стотици пати повеќе прегледи од своите конкуренти

За повеќето куќи на продажба на интернет-страницата „Зилоу” е поволно ако соберат 100 прегледи во текот на неколку недели. Но, дом со пет спални соби во американската сојузна држава Мичиген оствари над 36.000 прегледи за само неколку дена на оваа страница за недвижнини.
Тоа се должи на еден детаљ на фотографија поставена на огласот…
Имено, на шанкот на сликата има чинија, а во неа се гледаат бели линии прав, некаква пластична картичка, цевче… И. сè тоа потсеќа на кокаин, и како тоа се консумира.
Откако собра илјадници прегледи, фотографијата е избришана од огласот. Полицијата соопштува дека нема доволно индиции за налог за претрес, и оти може да се работи за шега.
Инаку, оваа куќа во Оук Парк, Мичиген, чини 24.500 долари.

Треба да знаете
Последни објави