Search

Овој хормон го регулира шеќерот

Овој минерал го регулира нивото на шеќерот во крвта, а кај пациентите зависни од инсулин може да ја намали потребата за лекови и инсулин.

Како превентива против појавата на дијабетесот, клучна улога има хромот, кој организмот не го создава туку мора да се внесе преку храната.

Овој минерал го регулира нивото на шеќерот во крвта, а кај пациентите зависни од инсулин може да ја намали потребата за лекови и инсулин. Кај луѓето со гранични вредности на шеќерот во крвта може да спречи да станат зависни од инсулин, а кај оние кај кои нивото на шеќерот е паднато, помага да се врати на нормално ниво.

Хром се наоѓа во брокулата, месото, пивскиот квасец и пивото, виното, јачменот, пченичните снегулки. Го има и во пилешкото месо, во морските плодови, јаткастите плодови и печурките.

Утврдено е дека, на пример, една шолја брокула содржи 22 микрограми хром, односно пет пати повеќе од било кои други намирници. Препорачани дневни дози се од 50 до 200 микрограми. Со хромот треба да се внимава, бидејќи доколку се претера може да предизвика токсичност.

Треба да знаете
Последни објави