Search

Овој тинејџер боледува од ретка болест: Ќе умре оној момент кога ќе заспие!

Овој тинејџер боледува од ретка болест: Ќе умре оној момент кога ќе заспие!

Седумнаесетгодишниот Лијам Дарбиш од Велика Британија боледува од многу ретка болест, синдром на централна хиповентилација.

Тој ќе умре оној момент кога ќе заспие.

Од синдром на централна хиповентилација во светот боледуваат околу 1.500 луѓе а болеста ја карактеризира откажување на белите дробови.

Исто така предизвикува кардоваскуларни заболувања и оштетувања на другите витални органи како мозокот.

– Кога ќе заспиете, изостанува активирањето на френичниот нерв, па мозокот не дава информација на вашето тело дека е потребно да дишете. Да нема машина која ќе ги активира белите дробови за време на сонот, мојот син нема да биде жив – објаснува неговата мајка.

За целата работа да биде уште полоша, Лијам пати од ретка дигестивна болест поради што му е отстрането дебелото црево, носи колостомска кеса прикачена на стомакот покрај папокот и на тој начин врши нужда.

– Ако ме прашате дали некогаш се имам наспиено како човек, ќе речам не бидејќи Лијам е роден со бројни здравствени компликации. Но многу сум горда на него. Да сум на негово место одамна би се откажала – заклучила неговата мајка.

Погледнете го видеото:

Треба да знаете
Последни објави