Search

Овошен десерт во чаша

Потребно е:
за филот од јаболки:

3 средно големи јаболка
50 гр путер
50 гр кафеав шеќер
1 стапче цимет
сок од лимон, за прскање на јаболката

за карамелизираните ореви:
50 гр шеќер
50 гр ореви

за бисквитната кора:
125 гр мелени Плазма бисквити

за филот:
250 мл слатка павлака
200 гр крем сирење
1 лажица шеќер во прав
20 гр бело чоколадо

Подготовка:
– Излупете ги јаболките и исецкајте ги на коцкички. Испрскајте ги со сок од лимон за да не потемнат.

– Во тава на рингла ставете го путерот и почекајте да се растопи. Додадете ги јаболката и стапчето ванила. Динстајте неколку минути и посипете со шеќер. Динстајте уште неколку минути, но внимавајте да не се распаднат јаболката и да се претворат во каша. Ако пуштат течност, може да додадете на врв на нож нишесте за да се згусне течноста. Готовите јаболка префрлете ги во чинија и оставете ги да се изладат.

– За карамелизирање на оревите, тавата за печење обложете ја со хартија за печење. Во тавата во која ги подготвувавте јаболката сипете шеќер и на средна температура оставете да се растопи. Почекајте да добие кафена боја и додадете ги оревите. Брзо измешајте и сипете ги на хартијата за печење во тавата. Со дрвена лажица раширете ја смесата. Кога ќе се излади со нож иситнете ги карамелизираните ореви.

– Подгответе ги чашите во кои ќе го сервирате десертот.

– Мелените бисквити соединете ги со коцките путер, смесата распоредете ја во чашите.

– Растопете го белото чоколадо и оставете да се излади.

– Во крем сирењето додадете го шеќерот во прав и убаво измешајте.

– Изматете ја слатката павлака и додадете го крем сирењето и полека измешајте.

– На крај додадете го и белото чоколадо и повторно полека измешајте.

– Сипете ја смесата во чашите над бисквитите и ставете ги во фрижидер.

– Потоа над филот ставете ги изладените јаболка и посипете со карамелизираните ореви.

Треба да знаете
Последни објави