Search

Овие 3 шопинг грешки ги прави секоја жена

Не постои жена која не оди на шопинг со уживање, особено кога ќе дојде период на попусти.

Токму поради тоа што сè што гледаме ни изгледа како да ни е потребно, често правиме шопинг грешки поради кои кога-тогаш ќе се покаеме.

1. Купување во друштво

Вистинската шопингхоличарка знае дека на шопинг може да се потпре само самата на себе. Ниту една жена не сака да ѝ се наметнува мислење за тоа што би требало да купи, а што не. Впрочем, сите имаме барем едно парче кое другарките нè натерале да го купиме, а никогаш не сме го облекле.

2. Чување непотребна облека

Пред да одлучите дека ви е потребна нова облека, размислете за тоа дека плакарот ви е полн и дека повеќе немате каде да ги составите своите „крпи“. Одвојте еден ден за организација и преуредување на плакарот и исфрлете сè што воопшто не носите, за да направите место за новите дневни парчиња. Облеката која ја носите, доколку е сочувана, можете да ја донирате во хуманитарни цели и на тој начин да направите добро дело.

3. Не купувате облека која веќе ја имате

Чудно, но до ова правило се придржуваат многу жени. Сепак, време е да се промени. Ако вашите омилени фармерни повеќе не се доволно сочувани за носење, зошто не купите нови? Ако нешто добро ви прилега, не е погрешно одвреме навреме да ја надополните својата колекција со исто такво ново парче.

Треба да знаете
Последни објави