Search

Ова треба да го знаете ако спиете помалку од 6 часа

Недостатокот на сон може да биде причина за срцеви заболувања, дебелеење, а може да го промени и начинот на кој се однесува нашата ДНК,  предупредуваат лекарите.

 

Доктор , спровел истражување за тоа што се случува со нашето тело доколку спиеме помалку, утврдувајќи дека покачениот крвен притисок и холестеролот се меѓу потенцијалните последици.

„Луѓе кои спијат помалку од шест часа во текот на ноќта се изложени на поголем ризик од хронични болести на срцето, имаат покачен крвен притисок и холестерол“, вели лекарот, додавајќи дека недостатокот на сон се поврзува и со многубројни здравствени проблеми.

Ако не спиете доволно, шансите да доживеете инфаркт, мозочен удар или да добиете зголемен крвен притисок, се поголеми за 60%. Исто така, се смета дека телото лачи цитокин кога сме ненаспани, а тоа влијае лошо на нашиот имунолошки систем.

Овој лекар во текот на истражувањата открил дека недостатокот од сон т.е хроничната ненаспиеност влијае на нашата ДНК.

Тој истакнува дека само една непроспана ноќ може да ги промени сигналите во ДНК кои предизвикуваат дебелеење и губење на масата на мускулите.

Уморот може да ги направи луѓето импулсивни и склони кон преземање ризик затоа што не можат добро да расудуваат.

Вежбањето во текот на денот може да ви помогне да спиете подолго и поквалитетно; истражувањето докажало дека 85% од луѓето спијат подобро после тренингот во текот на денот.

Треба да знаете
Последни објави