Search

Ова е тајната на „хроно исхраната” – Јадете колку сакате а топите килограми

Ова е тајната на „хроно исхраната” – Јадете колку сакате а топите килограми

Хроно исхраната неколку години по ред е многу користена во светот, како начин за здрав живот и симнување килограми и сало.

Светот збудале по хроно диетата, но она што малкумина го знаат е како таа настанала и од каде и се корените.Французинот А. Делабос во 1986 ги поставил основите на диетата, која всушност се темели на тоа дека не е важно што јадеме, туку во кој дел од денот го јадеме.

Оние кои ја употребуваат хроно исхраната не само што имаат резултат и слабеат, туку и не чувствуваат глад.

Тајната е во тоа што е дозволено да се јаде се, но секако не соодветствува секоја храна за секој дел од денот.

Предност е тоа што се учи здрав начин на живот, нема јо-јо ефект, односно губење килограми, па нивно брзо враќање, и нема пореметувања во метаболизмот.

Речиси кај секого има 100 проценти успех.

Првата фаза од програмот на исхрана, рестриктивен режим кој трае 28 дена, подразбира неконзумирање на брзи шеќери во облик на слатки, овошjе, бел/жолт шеќер, вештачки засладувачи итн., како и на алкохолни пијалаци кои содржат висока концентрација на алкохол, тврди пијалаци. По спроведување на рестриктивниот режим, одредени продукти постапно се вклучуваат во исхраната.

Со програмот на хроно исхраната се овозможува за брзо време, без голема мака, да се научат принципите на здрава исхрана, како и правилен избор на намирници и добра комбинација на истите.

Се јадат три оброи на ден на растојание од 4-6 часа.

Треба да знаете
Последни објави