Search

Ова е селото во кое сите жени и девојчиња се принудени на проституција

“Се проценува дека околу 100.000 жени и девојчиња се наоѓаат во оваа ситуација, но има и такви кои не сме ги идентификувале. Ова е невидлив проблем”, вели Ашиф Саик, член на организацијата која работи со припадници со најниските касти во Индија.

Селото Сагар Грам во Индија не е единствено само по тоа што во него се раѓаат повеќе девојчиња од момчиња, туку и по тоа што во ова село жените го издржуваат семејството: се очекува кога доволно ќе пораснат, или ќе наполнат околу 11 години, да почнат да се занимаваат со проституција и да го издржуваат своето семејство.

Индија официјално ги укинала кастите пред речиси 70 години, но тешко е до крај да се искорени традицијата стара цел милениум. За повеќето Индијци, кастата и натаму влијае на тоа со кого ќе се венчаат или што ќе јадат.

Во кастинскиот систем денес се заробени милиони луѓе кои се експлоатираат. Животот на децата во Сагар Грам, но и во десетина други индиски села, е најстрашен доказ за тоа, пишува “Guardian”.

“Тоа се кастите и ропството”, вели Ашиф Шаик, член на организацијата која работи со припадници на најниските касти во Индија, заедници кои некогаш се нарекувале “невидливи”.

“Се проценува дека околу 100.000 жени и девојчиња се во оваа ситуација, но има и многу такви кои не сме ги идентификувале. Ова е невидлив проблем”, наведува тој.

22-годишната Лина раскажала дека почнала да работи од 15 години, бидејќи нејзиното семејство имало финансиски проблеми.

“Сите други девојки во селото го правеа тоа, и поради тоа се чувствував принудено да го правам истото”, рекла Лина.

“Тоа беше моја одговорност”.

Сексот, меѓутоа, најпрво бил мистерија за Лина.

“Кога бев млада, најважна работа ми беше да ги видам парите кои клиентот ги нуди”, рекла таа. “Не разбирав што ми правеа. Само собирав пари”.

Првата ноќ заработила 5.000 рупии. Цената после тоа паѓала. Друга жена вели дека најмногу за една средба може да се добијат 200 рупии. Понекогаш дневно се состанува со пет или шест мажи.

Возраста за сексуална согласност во Индија е 18 години. Државата Мадја Прадеш, во која се наоѓа селото Сагар Грам, неодамна усвоила смртна казна за секој што силува дете помладо од 12 години, а зголемени се и казните за возрасните кои стапуваат во сексуални односи со лица помлади од 18 години.

Од полицијата наведуваат дека минатата година во Сагар Грам биле уапсени седум лица поради сексуално експлоатирање на деца, од тоа пет жени кои ги продавале своите малолетни ќерки. Законот е јасен, но не помага многу кога ќе се јават општествените обичаи или економските проблеми.

Повеќето мажи во ова село не работат. На нив им се нудат само најслабо платените работи кои се сметаат за понижувачки. Затоа се потпираат на своите деца. Семејството често чека на тремот од куќата додека ќерката е внатре со клиентот.

“Да ги изложи на такво насилство и психичко и физичко злоставување? Како може некој родител да ги натера децата на нешто такво”, рекол Чауан.

Неговата мајка била проститутка, а и покрај неговото противење, и неговите четири сестри се занимавале со проституција.

“Од моментот кога сфатив што всушност прават се обидував да ги сопрам”, додал тој. “Но родителите беа против мене. Велеа дека таква е нашата култура која трае со години. Кој сум јас да го сменам тоа”, вели тој.

Тој не може да се пресели од ова село бидејќи никој нема да му изнајми куќа поради кастата во која припаѓа. Затоа отворил мала продавница од која се обидува да живее и да им плати образование на своите ќерки.

“Ако имам една ќерка, ќе можам тоа да го изведам. Но за пет, многу е тешко”, заклучил тој.

Треба да знаете
Последни објави