Search

Оваа е најплатена манекенка во светот

Оваа е најплатена манекенка во Светот

Списанието Форбс ја објави листата на најплатените модели во 2018 година, а на првото место е истата манекенка како и минатата година.

Сигурно претпоставувате дека станува збор за Kendall Jenner (23) која според извештајот од бизнис-магазинот, од јуни 2017 до јуни 2018 година заработи 22,5 милиони долари, што е речиси двојно повеќе од нејзината колешка, Karlie Kloss која го зазема второто место со заработка од 13 милиони долари.

Иако во текот на годината ретко можевме да ја видиме пистата, бидејќи таа ги одбиваше ангажманите, Kendall заработката ја обезбеди од кампањите со најпознатите брендови.

Во август оваа година, во интервјуто за магазинот Форбс, манекенката изјави:

„Од самиот почеток бев многу пребирлива за ангажманите кои ги прифаќав. Никогаш не сум била една од оние девојки кои ќе направат 30 ревии во сезона или што и да прават. Имав милион работни места, не само ревии. Сето тоа многу ме измори, морав малку да забавам бидејки бев на работ на нервен слом.“

Поради оваа изваја следеа многу критики, бидејки нејзините колешки оваа изјава ја доживеаја како навреда за нивниот труд, но на Kendall секако ги престигна сите и повторно заработи најмногу.

Третото место на листата оваа година го поделија моделите Chrissy Teigen и Rosie Huntington-Whitely, со заработка од 11,5 милиони долари.

На четвртото место се моделите – Gisele Bundchen и Cara Delevingne со заработка од 10 милиони долари.

По нив следи  Gigi Hadid со 9,5 милиони, Bella Hadid и Joan Smalls заработија по 8,5 милиони долари и Doutzen Kroes со годишна заработка од 8 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави