Search

Објевени наградените стрипови од Меѓународниот стрип конкурс „Велес 2020″

Стрип центарот на Македонија-Велес ги објави наградените стрипови од  традиционалниот 18. меѓународен стрип конкурс Велес 2020“.

Прво место „Златен стрп” во парична награда обезбедена од Општина Велес ќе добијат: Марко Стојановиќ Србија -Сценарио , Милорад Вицановиќ Маза (Бања Лука БИХ) и Аљоша ТомиЌ Србија –Колор „ТHE ANCIENT- ДРЕВНИОТ”.

Второто место му припадна на Дејан Богојевиќ –Ваљево од Србија (сценарио), Ана и Сара Живковиќ од Белра, Србија (цртеж и колор) за стрипот „Напад” и на Даниел Данил од Романија за стрипот „CLOCOCIOV”.

Третото место им припадна на Катерина Тери Николова (цртеж) и Александар Стеванов за стрипот „Приказна за безбојното мече” и  Исмет Ердиќ од БиХ за стрипот „Превид”.

 Додека, наградата за најдобар македонски стрип ќе ја добие Ѓорги Антевски од Куманово за стрипот „Катарза”.

Во рамки на Меѓународниот стрип конкурс ќе се доделат и награди за најдбар стрип автор до 14 и 18 година, како и награда за најдобар дебитантски стрип, највозрасен и најмлад учесник од странство и од нашата земја, за најдобро сценарио, најдобар уметнички израз и најдобар цртеж. Организаторот СЦМ-Велес ќе додели и специјална награда како и награди за соработка.
Томе Трајков  од СЦМ-Велес истакна дека заради ситуацијата со Ковид-19 намален е бројот на пријавени стрипови од странство, освен од балканските земји, посебно од Албанија, а кои се девет.

 

– СЦМ-Велес ја продолжува својата улога на организација -ментор, во интерес на развојот на деветата уметност на Балканот. Но, мораме исто така да подвлечеме дека за прв пат досега, бројот на пријавени стрип автори од земјава  е поголем од бројот на автори од другите земји. Имено, од вкупно пријавено 176 автори 106 се од земјава, информира Трајков.

Воедно, потенцираше дека постигнат е и квантитет и квалитет, а  македонската стрип сцена има солидна кадровска перспектива. Тој истакна дека за тоа  потребна е финансиска подршка од надлежните за  натамошни активности: стрип школи, изданија, изложби, фестивали, мегународна размена и други активности во доментот на стрип творештвото и културата во земјава.
Треба да знаете
Последни објави