Search

Објавен трејлерот на филмот „Исчезнатиот” на режисерот Арбен Тачи

Продукцијата Арбфилм го објави трејлерот на играниот филм „Исчезнатиот” на режисерот Арбен Тачи финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Сценариото на филмот е напишано од самиот режисер, е базирано е на романот на Абдулазис Ислами „Исчезнатите од Пројона”.

Филмот е психолошка драма со воени елементи од последниот период на Втората светска војна. Главниот јунак на филмот кој го игра актерот Сотираќ Братко, пишувајќи ги своите мемоари, се обидува да открие нешто од неговото магливо минато, нешто што го крие од луѓето, од сопругата (Ева Аликај), дури и од самиот себе.

„Исчезнатиот” е кинематографска дело реализирано од Арбфилм со финансирање од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и во копродукција со Иконе студио и Б & Г Филм Про односно Центарот на кинематографија на Косово и Националниот центар за кинематографија на Албанија.

Актерската екипа ја сочинуваат познати имиња од Македонија, Косово и Албанија: Сотираќ Братко, Ева Аликај, Кејди Адеми, Сокол Моналари, Африм Мучај, Шеќерије Бучај, Селман Локај, Блерим Исмани, Арсим Фазлија, Селман Јусуфи, Адем Карага, Рефет Абази , Неритан Личај, Енис Мурати и др.

Во изработката на филот учествуваат и Влатко Самоиловски – директор на фотографија, Билгаип Кочишта – сценограф, костумите ги дизајнира и подготви Албулена Боровци, музиката е компонирана од Тримор Дхоми, монтажата е работена од Благоја Неделковски и Шпетим Амети, звукот е сниман и преработен од Дарко Спасовски, а шминката од Мартин Павловски.

Треба да знаете
Последни објави