Search

Објавен таен документ на холандските разузнавачи за падот на малезискиот авион во Украина

Во јавноста е објавен таен документ од холандската разузнавачка служба за истрагата на падот на малезискиот авион на летот МХ17, кој беше соборен во јули 2014 година.

Досега се сметаше дека голема одговорност за соборувањето на авионот, во кој загинаа сите патници и членови на екипажот, има Русија, затоа што леталото беше соборено над област во Украина која беше под контрола на бунтовниците кои ги поддржуваше Русија.

Според документот, до падот на авионот на „Малезија ерлајнс“ дошло во област во која ракетните системи „Бук“, кои се руски, не биле распоредени во време на трагедијата.

Според документот, кој е испратен до холандското обвинителство, авионот бил надвор од дострелот на сите идентификувани и оперативни украински и руски локации на кои биле распоредени системите 9K37M1 Бук M1, пренесува Тасс.

Во документот се објавени транскрипти од разговори во кои се наведува дека се забележани украински борбени авиони на денот на несреќата.

Авионот „боинг 777“ беше особрен над Доњецк на 17 јули на лет од Амстердам до Куала Лумпур. Загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои државјани на 10 земји. Досега истрагата ја водеше меѓународна комисија, на чело со тим од Холандија.

Треба да знаете
Последни објави