Search

Објавен оглас за закуп на 1.420 хектари земјоделско земјиште

Објавен е јавен оглас за давање во закуп над три хектари државно земјоделско земјиште, соопшти денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.

Станува збор за 1.420 хектари, односно вкупно 23 парцели во 13 региони: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Свети Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга.

Како што истакна Николовски на прес-конференција во Владата, се работи за атрактивно земјиште за чие давање под закуп услов ќе биде не само пријавување примарно производство, туку и доставување бизнис план за инвестирање во преработувачки капацитети.

-Освен за долгогодишни насади, овој оглас е наменет за изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи како винарници, кланични капацитети, откупни центри, млинови, оранжерии… За ваков тип оглас се одлучивме по консултациите и анализите на терен со производителите, но и агро бизнис заедницата покажа голем интерес за вакви вложувања, рече министерот.

Огласот е денеска објавен во „Службен весник” и ќе трае наредните 30 дена. Според Николовски, ќе се спроведе во транспарентна постапка по пат на електронско јавно наддавање, а право да конкурираат имаат сите домашни физички и правни лица, како и странски правни лица.

Треба да знаете
Последни објави