Search

Објавен конкурс за изработка на идејно ликовно-графичко решение за диплома и плакета за државната награда „22 Ноември”

Информираме дека Министерството за култура во печатените медиуми распиша конкурс за изработка на идејно ликовно-графичко решение за диплома и плакета за државната награда „22 Ноември”. Конкурсот е поставен и може да се најде на веб-страницата на Министерството за култура, во делот Конкурси и Државни награди.

Во конкурсот наведени се условите и карактеристиките на идејното ликовно-графичко решение за дипломата и за плакета за државната награда „22 Ноември”. Испратените идејни решенија треба да бидат во дигитална и во печатена форма или друг тип графичка форма 1:1, со прилог текстуално образложение за концептот на идејното графичко решение. Идејното решение треба да биде оригинално и досега неупотребувано. Конкурсот е јавен и анонимен за учесниците. Право на учество на Конкурсот имаат сите правни и физички лица. Конкурсот трае од 24.5.2019 до 24.6.2019 година, односно краен рок за доставување на конкурсните трудови е 24 јуни 2019 година до 16:00 часот во архивата на Министерството за култура или по пошта на адреса: улица „Ѓуро  Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави