Search

Објавена јавна набавка за реконструкција на патот до селото Трново

Во електронскиот систем за јавни набавки е објавен тендерот за избор на изведувач за реконструкција на локалниот пат до селото Трново. Проценетата вредност на овој проект е 24.700.000 денари.

Патот ќе се реконструира на потегот од раскрсницата за Ниже Поле, до откупната станица за млеко во селото Трново, односно до делницата до каде што е изработен колекторскиот систем за собирање на отпадните води од домаќинствата и туристичките објекти во селото. Должината на оваа делница е 2009 метри.

Во потегот кај селата Трново-Магарево, веќе е изградена пречистителната станица во вредност од над 9.000.000 денари, а исто така изработен е колекторски систем во должина 2029 метри, чија вредност е 21.879.853 денари. Колекторскиот систем во следните фази ќе ги опфати останатите делови од селата Трново и Магарево.

„Со реконструкцијата на овој дел од патот, се заокружува една етапа од вложувањето во овој дел од Потпелистерието, односно од заложбата на оваа локална самоуправа да се добие комплетно поинаква слика во однос на зголемувањето на квалитетот на животната средина. На тој начин во Потпелистерието се отвора потенцијал за уште поголем развој на туризмот“, велат од општина Битола.

Треба да знаете
Последни објави