Search

Објавена последната порака на Емилијано Сала: Тато, се плашам!

Шпански весник ја објави последната шокантна порака на агрентинскиот напаѓач Емилијано Сала кој завчера заедно со пилотот на авионот исчезна некаде меѓу Франција и Велика Британија.

Во авионот што полета од Нант за Кардиф беа само пилотот и Сала кој отиде во Нант да се поздрави со соиграчите пред да си замине во новиот клуб. Кога стигнал се пожалил дека патувањето било тешко и несигурно.

Откако се поздравил со сите, тргнал кон Кардиф, но никогаш не стигна таму. Весникот објави дел од последните гласовни пораки што Сала ги пратил во WhatsApp разговор.

„Брате, мртов уморен сум, овде во Нант завршив еден куп работи и ми се чинеше дека никогаш нема да завршам. Сега сум во авионот што изгледа како да ќе се распадне. Летам за Кардиф“, стои во пораката.

„Утре вечер прв пат тренирам со новата екипа, ќе видиме што ќе биде. Како сте ми вие? Ако во наредниве час-час и половина нема некаква вест за мене, не знам дали ќе пратите некој да ме побара, оти нема да може да ме најде… Тато, се плашам!“, гласи последната порака на фудбалерот.

Треба да знаете
Последни објави