Search

Обука на тренери за работа со лица со интелектуална попреченост во спортот

Во присуство на 60 учесници и 50 атлети, Специјална oлимпијада Македонија организираше прва обука за тренери за работа со лица со интелектуална попреченост во спортот со поддршка на Специјална олимпијада Европа, Евро-Азија.

Обучувачи на дводневнаата обука во спортскиот центар „Борис Трајковски”, како што информираат организаторите, беа спортскиот директор на Специјална Олимпијада Европа Мариуш Даментко и Јени Хакинен, која е одговорна за развој на универзитетски кадри и младината за свесност за лицата со попреченост.

Обуката опфаќа практична и теоретска подготовка на тренерите, кои во иднина со својата стручност и професионален пристап треба да овозможат вклученост и развој преку спорт на што повеќе лица со интелектуална попреченост во земјава.

Од Специјална олимпијада Македонија информираат дека во рамки на обуката голем придонес дале и студентите на завршните години на Факултет за физичко образование, спорт и здравје, кои покажале огромен интерес за работа со лица со интелектуална попреченост.

Треба да знаете
Последни објави